Заев: Секој ден e изгубен, изгубен за Македонија и за македонските граѓани
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека до крајот на неделава ќе биде одржана собраниска седница за продолжување на конститутивната собраниска седница.
Тој рече дека пораките на еврокомесарите и европратениците се јасни како бел ден и секој ден e изгубен, изгубен за Македонија и за македонските граѓани.
Заев вели дека ако не дојде до седница, ќе се бараат само банални изговори. Тој додаде дека ако иако не е уставно неопходно, ќе ги исполни сите очекувања на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Не постои Тиранска платформа, туку постои владина програма што јас веќе ја презентирав. Не дриблаат со изговори за некакви приватни обврски за да се одложи координинацијата на Собранието, потоа бараат потписи од мнозинството за да се свика седницата, потоа побараа и шест места во Комисијата за именување, а сега бараат и претседател на Комисијата? Легитимно е тоа дека Собранието на пленарна седница бира членови и претседател на таа комисија. Нека ги каже јавно ВМРО-ДПМНЕ своите аргументи ние ќе ги кажеме нашите и ќе гласаме кој е во право. Нема да дозволиме некој да се крие зад одговорноста и да и штети на Македонија“ - кажа Заев по средбата.
Хан во 20 часот треба да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а заклучоците ќе ги каже преку соопштение околу 23 часот.
