Заев: Секогаш има толку неважечки ливчиња
Премиерот Зоран Заев коментирајќи го големиот број неважечки ливчиња на изборите нагласи дека рече дека на секои избори има околу 30.000 но оти овој пат таа бројка се чини поголема според излезноста.
- Неважечките ливчиња е израз на незадолство и делумно грешка. На пример во Охрид Стевче Стевовски е број 3 и Стево Пендаровски исто така е број 3.Но, имаме и акт на незадоволство од граѓаните кое е јасно видливо од граѓаните - објасни премиерот.
Нагласува дека Македонија 14 години е земја-кандидат за ЕУ и дека голем дел од легислативата е адаптирана на законодавството на Европската унија. Првиот чекор мора да се направи ова лето а тоа е добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Тимовите се веќе во подготовка, верувам дека ќе заштедиме во времето за да бенефитот на граѓаните биде многу побрз од просекот проектиран за Западен Балкан - изјави Заев.
