Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Сега сме МКД кога играме фудбал, порано бевме ФИРОМ

Заев: Сега сме МКД кога играме фудбал, порано бевме ФИРОМ

„Денеска Македонците се Македонци за целиот свет, а претходно за светот бевме ФИРОМ и Фиромци. Порано настапувавме под ФИРОМ, сега стои МКД“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи како коментар на пратеничките прашања од страна на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Според Заев, една од причините за спорот со Бугарија и неспроведувањето на Дкговорот за добрососедство се и, како што рече тој, радикалните провокации на поединци од ВМРО-ПДМНЕ

„Вашиот лидер на состанок со Бугарија вели дека се е тоа прифатливо, а дома терате друга кампања. Патоказот како прелдог го има и Христијан Мицкоски, тоа е документ со кој треба да се запазат сите рокови за соработка. Тоа се придобивки за бугарскиот и за македонскиот народ“, додаде Заев.

Премиерот останува на ставот дека бугарскиот и македонскиот се два слични, но различни и меѓународно признати јазици

„Нашиот е сличен и со српскиот и хрватскиот и со бошњачкиот и со многу други јазици од јужнословенската група на јазици. Во преговарачката рамка тоа така стои“, додаде Заев.

Според претседателот на владата, една од причините што Македонија не доби датум за преговори со ЕУ е и тоа што Бугарија нема парламент и политичка влада.

Слично

Поврзани вести