Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Сега е моментумот Европа да ни помогне

Заев: Сега е моментумот Европа да ни помогне

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност за германската поддршка преку посетата на министерот назначен за овој регион, Бенјамин Рот, во Македонија. Нагласи дека Македонија во изминатата година направи квантен скок од заробена држава во функционална демократија во која се гради концептот „едно општество за сите“.

„За сработеното дојде чистата и безусловна препорака од ЕК. Остануваме максимално посветени на реформите, добрососедските односи и регионалната соработка. Целта ни е почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО во 2018 година. Особено ни е значајно сознанието до кое стигнаа највисоките лидери на ЕУ дека доколку биде доведена во прашање иднината на членството во ЕУ тоа ќе ја доведе во прашање и безбедноста на регионот и на Унијата. Сепак, ние остануваме убедени дека лидерите на ЕУ го препознаваат моментумот дека времето на РМ да ѝ биде дадена европската перспектива е сега, оваа година. Сакаме да ја оствариме нашата просперитетна иднина со наш придонес секако и за посилна ЕУ“, рече Заев


Слично

Поврзани вести