Заев: Седум мои советници ќе ги координираат инспекторатите против загадувањето
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајчи на пратенички прашања во Собранието рече дека при формирањето на владините тимови против загадувањето на воздухот седудм советници од неговиот кабинет ќе ги координираат активностите на инспекторатите.
- Тие ќе се координираат со сите инспекторати, не само со тој за животна . Порано екологијата беше табу-тема, а сега работиме на гасификацијата и онбовливите извори на енергија кои на долг рок ќе дадат резултати. Имаме буџет со конкретни мерки кои даваат придонес во таа борба, рече Заев.
На ова опозицискиот пратеник Драган Данев го запраша зошто овие тимови не биле формирани уште во 2017-та.
- На таа тема вие освоивте значителен број на гасови на последните избори. Акцизата за нафтен кокс е нула денари , променете ја акцизата, има многу стопански објекти кои не се приклучуваат на гас поради тоа. Се работи за профит и бизнис, рече Данев.
На ова Заев му возврати дека тоа е лага и манипулирање со јавноста.
- Акцизите за петрол коксот не се намалени, тие се скапи и тој не се користи скоро воопшто. Има сериозно висока акциза, иако коморите притскаа многу, ние не попуштивме, само да ја заштитиме екологијата, одговори Заев.
