Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се заблагодари и на вмровците: Со вакви одлуки луѓето стануваат херои

Заев се заблагодари и на вмровците: Со вакви одлуки луѓето стануваат херои

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција изјави дека денеска е историски ден за Македонија. 

Вели Македонија ќе биде дел од европското семејство, а сонот за подобар живот ќе биде исполнет. 

„Сакам да се заблагодарам на секој пратеник за оваа историска одлука, и на храбрите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја ставија државата пред притисоците. Со вакви одлуки луѓето стануваат херои“- рече Заев. 

Вели денес е надмината една пречка и тоа е патот кон стабилна иднина. 

Заев рече дека ако има некои инсинуации, институциите да истражат, но за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ги ќе гони до крај. 

Премиерот додаде дека сега ги очекува многу работа. 

Заев вели дека пораката на помирување и простување охрабри. 

Слично

Поврзани вести