Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се врати во општина Струмица

Заев се врати во општина Струмица

Премиерот Зоран Заев, за прв пат се врати во општина Струмица по одржаните локални избори, и ја оствари првата средба со градоначалникот Коста Јаневски 

На средбата било за практицирањето на локалната власт во првиот месец по локалните избори, како и за функционирањето на  општината, општинската администрација, претпријатијата и другите институции  што се во надлежност на локалната самоуправа.

Градоначалникот Јаневски потенцираше дека работата на општината во сервисирањето на услугите за граѓаните на  Струмица, е поставена на солидни темели и овозможува прогресивен развој во повеќе области од интерес на жителите на општината.

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски изразија задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт и се согласија дека постојат потенцијали за нејзино интензивирање, за обезбедување дополнителни проекти за квалитетен живот за сите граѓани на Струмица.


Слично

Поврзани вести