Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ СЕ ВРАТИ НА БИХАЌКА - вродија ли со плод повиците за сплотеност

ЗАЕВ СЕ ВРАТИ НА БИХАЌКА - вродија ли со плод повиците за сплотеност

Синоќа на Бихаќка на заедничка маса со највисокото раководство на СДСМ седнал и поранешниот лидер Зоран Заев.

Дали е тоа после подолго време, не знаеме, но факт е дека ваква среќна заедничка фотографија одамна не беше јавно објавена.

Фотографиите на фејсбук лично ги сподели и првиот човек на Владата и СДСМ, Димитар Ковачевски, но и самиот Заев, веројатно како приказ на тоа дека владејачката партија повторно се сплотува и ги збива редовите пред наредната изборна година.

Ова следува откако и пратеници и градоначалници од СДСМ апелираа на нужно обединување на партиските другари.

Ова се случува во ек на шпекулациите дека наводно „актуелното раководство на СДСМ е во спрега со Груевски“, како и дека „Заев контактира со Мицкоски“.  

„СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.

Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока - да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г.

Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации.

Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“, напиша Ковачевски.


Заев објави:

„Мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава.

Членството во ЕУ сега се чини најдостижно. На тој пат, ние социјалдемократите, имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори.

Демократскиот блок не исклучува, тој здружува. Тоа е единствената и проверена формула за нов македонски успех“, напиша Заев.


Слично

Поврзани вести