Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се виде со Фуере, екс амбасадорот и критичар на претходната власт

Заев се виде со Фуере, екс амбасадорот и критичар на претходната власт

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија кој не ги штедеше критиките за претходното владино раководство.

“Се чувствува слобода и отвореност кај граѓаните, поинаква, позитивна клима во државата, по демократските промени. Сега треба само да се продолжи процесот што води до перспективи на Република Македонија и на луѓето кои живеат тука“, рече поранешниот евроамбасадор Фуере.

Тој пренесе дека во Брисел постои охрабрување дека премиерот Заев и новата Влада ја поставија Македонија на европскиот пат. Ги поддржа реформите на коишто интензивно работи Владата и нагласи дека е важно да се земат предвид оценките од последниот извештај на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, посебно во делот на реформите што треба да обезбедат функционална правна држава.

- Посветено работиме на реформите што треба да донесат квалитетен живот за граѓаните и да придонесат во евро-атлантските интеграции. Дел од нив се и реформите во судството. Покажавме дека сме различни и дека нашата цел е да обезбедиме независно правосудство низ транспарентни одлуки во коишто главниот збор го има независната експертска јавност. Но, како Влада цврсто сме определени кон функционирање на правдата. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите, рече премиерот Заев.

Поранешниот амбасадор Фуере рече дека ќе продолжи да ги поддржува политиките што носат развој на Македонија. 


Слично

Поврзани вести