Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се уште нема двотретинско мнозинство

Заев се уште нема двотретинско мнозинство

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител изјави дека двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени сѐ уште нема. 

Тој додаде дека тоа ќе се знае на самиот чин на гласање. Сепак изрази верување дека целиот процес ќе помине и во Македонија, но и во соседна Грција, бидејќи двете земји сакаат конечно да се стави крај на речиси тридеценискиот спор.

Појасни дека секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.

Заев вели дека целиот процес на уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа е инклузивен.

Седницата за уставни измени почна денеска, Заев даде образложение, а утре ќе продолжи во 13 часот.

Слично

Поврзани вести