Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Се сретнував со Кичеец, но не за „Дијамед“

Заев: Се сретнував со Кичеец, но не за „Дијамед“

Премиерот Зоран Заев и денеска на прес-конференција потврди дека имал средби со Зоран Милевски, осомничен во случајот „Рекет“, но не за продажбата на концесијата на „Дијамед“ на странскиот инвеститор „Дијаверум“ од Шведска, туку за други можности во инвестициите.

Со тоа Заев алудираше на пратеничките прашања на крајот на јули кога на пратеникот Антонијо Милошоски му одговори дека се сретнувал со Зоки Кичеец, но само официјално кога овој застапувал заинтересиран странски инвеститор во рударството во Македонија, односно како што кажа, извесен Ник од Австралија.

Јавното обвинителство го информирало премиерот Зоран Заев, а преку него и министерството за здравство и ФЗО, оти за фирмата „Дијамед“ која има и дваесетгодишна концесија за дијализа, а потоа тој самиот ги предупредил Швеѓаните за истрагата што се водела.

- Кога се обраќа јавното обвинителство до државните институции, кои се под премиерот, Фондот за здравствено осигурување и министерството за здравство, ние знаеме дека се води истрага. Логично, чесно и одговорно е пред било кој инвеститор, како што е шведски „Дијаверум“, државата да ги соопшти сите информации, изјави Заев.

Тој упати и порака до Вера Иванова, сопственичката на „Дијамед“, која ги тужи министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев за спречување на продажбата на концесијата, дека ќе има одговорност за неа доколку нема аргументи.

-Сите треба да знаат дека кога индицираат некои работи, истите треба да ги поткрепат со аргументи, бидејќи кога се бараа одговорност од некои лица, двајцата, беа посочени и министерот Филипче и директорот Дончев, а еве вклучително и јас, да понесеме одговорност, но доколку нема за што, тој што ги отвара вака работите треба да понесе поинаква одговорност. Сите ние сме луѓе и имаме образ, а на крајот на денот сите ние знаеме дијализите кои беа, како се спроведоа, како самите цени се дадени за дијализи, начинот на спроведување, затоа прашајте во Јавното обвинителство, изјави Заев.


Слично

Поврзани вести