Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се сретна со Тони Блер: Како „Оракл“ може да ни помогне за дигиталните сертификати за вакцинација

Заев се сретна со Тони Блер: Како „Оракл“ може да ни помогне за дигиталните сертификати за вакцинација

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев  на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина, оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер, соопштија од Владата. Се тврди дека на средбата било истакнато дека Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа.

Во соопштението стои дека особен фокус во разговорот бил ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна КОВИД-19 пандемијата.

„Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација. Во тој контекст Заев и Блер разговараа за можностите за соработки и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ во делот на менаџирање со податоци при справувањето со КОВИД-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет, велат од Владата.



Слично

Поврзани вести