Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се сретна со американскиот сенатор Марфи и амбасадорот Бејли

Заев се сретна со американскиот сенатор Марфи и амбасадорот Бејли

Премиерот Зоран Заев вчера оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи кој беше придружуван од амбасадорот на САД Џес Бејли.
На средбата е констатирано дека Македонија се движи во правилната насока, низ реформските процеси во земјата и чекорите на градење пријателства со соседите, на патот кон НАТО и кон ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Сенаторот Марфи ги охрабрил премиерот Заев и Владата да ги понесат позитивните промени за иднината на Република Македонија додавејќи дека САД останува искрен пријател на Македонија.

Американскиот сенатор имаше средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која станало збор за продлабочување на меѓусебното пријателство и надградување со нови форми на соработка во насока на исполнување на стратешките интереси на државата, како и за актуелната општествено политичка ситуација.

Слично

Поврзани вести