Заев се сомнева дека Мицкоски е вмешан во бегството на Груевски
Премиерот Зоран Заев вечерва во Отворено на ТВ 24 изјави дека се сомнева дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е вмешан во бегството на екс премиерот, Никола Груевски.
Го обвини Мицкоски дека сака да добие политички поени од бегството.
Но, вели дека истрагата ќе покаже што точно се случило.
Toj кажа дека екс премиерот, Груевски имал свои луѓе затоа што 11 години беше на власт, и најверојатно тие му помогнале да избега.
Бегството било помогнато од надвор, но и од внатре.
Слично
