Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се сомнева дека Груевски бил киднапиран?

Заев се сомнева дека Груевски бил киднапиран?

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се надева дека Унгарија нема да му даде азил и дека Македонија ќе стори сѐ за поранешниот премиер, Груевски да се врати во Македонија и да ја отслужи казната затвор.

Заев рече дека се обидуваат да дознаат дали доброволно избегал Груевски или пак е киднапиран.

„Јавно го поставувам прашањето. Дали Груевски доброволно ја напуштил државата, или можеби бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговор“, рече Заев.

Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски правдајќи се дека тие побрзале да ги објават бидејќи истрагата не се води кај нив, туку во Македонија.

Тој потенцира дека МВР што побргу ќе излезе со информација како се одвивало бегството и кој помогнал. Едната истрага, како што кажа, ја води внатрешна контрола во МВР, а другата Обвинителството.

Заев изјави дека службите имале информации четири недели претходно што правел и каде се движел Груевски. Тој очекува Унгарија да постапува по меѓународните прописи и да го екстрадира.

Слично

Поврзани вести