Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се оградува од изјавата на Максим, вели нема режим

Заев се оградува од изјавата на Максим, вели нема режим

Сите учиме лекции за грешките кадаровски, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Тв 24. 

Тој рече дека се оградиле од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. 

„Кога ќе се направи пропуст, за сите има санкција“, вели тој. 

На Димитриевски му забележа затоа што го употребил зборот „режим“. 

„Законот мора да важи за сите, и верувам дека тоа на сите треба да им биде јасно“, вели Заев. 

Вели дека Димитриевски се борел против режимот на екс премиерот, Никола Груевски и тоа било режим.

Заев го честита Денот на македонскиот јазик, но пред да ја упати честитката до граѓаните употреби англиски израз „баи де веј“. 

За тоа дали Димитриевски ќе има шанса за втор мандат, рече дека за тоа одлучуваат анкетите. 

Заев вели дека што поскоро треба да има избори во Македонија. 

Инаку, кумановскиот градоначалник изминатиов месец беше актуелн во јавноста, поради Ковид 19, но една изјава од неодамна дека вергината не се брише со брусалица. 

Слично

Поврзани вести