Заев се обрати пред стотина грчки бизнисмени: 25 милиони евра се малку, може многу повеќе
Вие сте најоштетените од политичките недоразбирања, бидејќи тие ви ги ограничија можностите. Сега имате прилика да седнете на заедничка маса и да се договарате, им порача премиерот Зоран Заев на грчките потенцијални инвеститори на Бизнис форумот организиран по посетата на грчкиот шеф на владата Алексис Ципрас во Скопје.
„Грција има учество од 10,1 отсто вкупни странски инвестиции во досегашната историја, кои сега се паднати на само 25 милиони евра годишно, што е навистина малку. Паднати се во многу сектори, но ими иницијативи кои се во напредна фаза, особено во енергетиката.Разговараме за размена на електроенергијата, животната средина, здравството, патната инфраструктура, железницата, заедничко вложување старт-ап компании, Ве каниме да ги искористите сите економски можности што ги нудиме во нашите програми. Бидете сигурни дека ќе имате партнер во оваа Влада која ќе ги третира вашите фирми еднакво како и домашните“, рече Заев во својот говор.
Додаде дека пречките се отстранети за слободно инвестирање и дека денеска ќе се формира комитет формиран за заеднички економски прашања под водство на нашите вицепремиери.
„Отворивме прозорец кон иднината. Да се премине од страв и недоверба во вистинско пријателство не е лесна работа“, наведе тој.
