Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се „натовари“ со нова обврска - Ќе го води Комитетот за земјоделство и безбедност на храна

Заев се „натовари“ со нова обврска - Ќе го води Комитетот за земјоделство и безбедност на храна

Владата донесе одлука за формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна, кој ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и да дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во спомнатите области.

Претседател на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна ќе биде премиерот Зоран Заев кој си презеде уште една обврска од владините тела и работни групи.

Покрај Претседателот на Владата на РМ, членови на Комитетот по функција се изаменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот за здравство, министерот за животна средина и просторно планирање, министерот за финансии, и директорите на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопштија од Владата.


Слично

Поврзани вести