Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Се е законски во случајот со Кичеец

Заев: Се е законски во случајот со Кичеец


Премиерот Зоран Заев на денешниот настан по повод новата поштенска марка за 30-годишнината од независноста на земјата рече дека нема нарушување на прописите во случајот со сообраќајната несреќа на Зоран Милевски Чичеец

Осудениот на три години затвор откако го призна делото за случајот Текет изминатиот викенд беше еден од седуммината повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселските гробишта, а во која загина едно лице. Подоцна се испостави дека Кичеец го возиел едно од возилата.

- Маријан Спасовски, директорот на Управата за извршување санкции ми ги даде сите детали. Во текот на издржувањето на казната тој имал право од здравствени причини да излезе со комплетирана медицинска документација. Не знам зошто патувал со луѓе, но има право да патува. Има право на викенд, на годишен одмор и на лекување со прекин на казните. Моја должност беше да прашам како претседател на Влада и да проверам дали е се исправно по закон, рече денеска Заев.

Бојан Маричиќ, министерот за правда, кој присуствуваше на истиот настан заедно со премиерот, рече дека денеска Управата за извршување на санкции ќе се произнесе со детална верзија.

- Тој не е ниту прв ниту последен затвореник кој ја користи приликата со оправдана медицинска документација и за тоа имал дозвола од директорот на установата каде што ја издржувал казната, наведе Маричиќ.

Слично

Поврзани вести