Заев се дружел со Јанчев и Тодоров
Премиерот Зоран Заев во сабота вечер во Струмица имал неформална средба со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, според весникот Независен.
Средбата била одржана на барање на Заев и се разговарало за уставните измени пред почетокот на пленарната седница за усвојување на предлог-амандманите.
Во последниве денови, премиерот Заев рече дека се надева дека ќе го прошири парламентарното мнозинство за поддршка на уставните измени. Во октомври, Заев обезбеди 80 гласови за иницијативата за уставни промени.
Јанчев и Тодоров веќе се исклучени од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, ПресингТВ објави дека имало очевидци на средбата, која се одржала во познатиот хотел „Сириус“, некаде во периодот меѓу 20 и 20,30 часот во сабота вечер.во Струмица, каде што Заев истиот ден имал работна посета.
Слично
