Заев: Жерновски оди во извршната власт, нема да се кандидира во Центар
Премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 откри дека постигнале договор за општина Центар да истрча нов кандидат, наместо досегашниот градоначалник Андреј Жерновски кој ќе се повлече од трката за локалните избори и најверојатно ќе премине во извршната власт.
На местото на Жерновски во општина Центар се поизвесно е дека кандидат на СДСМ ќе биде директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ.
Слично
