Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: СДСМ се рекламира на телевизиите, не Владата

Заев: СДСМ се рекламира на телевизиите, не Владата

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од страна на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, рече дека во рекламите кои се вртат деновиве на телевизиите ги плаќа СДСМ, а не Владата.

Мицевски рече дека рекламирањето се одвива вон периодот на изборната кампања, а владеачката партија веќе потрошила стотици илјади евра за свое промовирање на ТВ-екраните.

- Тоа се шари од државниот буџет кој ги добива партијата и од чланарините, додека во период пред избори ќе има и донации.  Тие се пари од СДСМ. Ние не ја рекламираме Владата, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.


Слично

Поврзани вести