Заев: Сашо Мијалков немаше друг избор и се предаде
Премиерот Зоран Заев вечерва на прес - конференција пред Владата изјави дека во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал.
Вели дека се избегнати сите потенцијални ризици.
„Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражи како се случи бегството“, рече Заев.
Премиерот кажа дека прво во суд дошле адвокатите, а потоа и Мијалков. Изјави дека компромис за правда нема и нема да има.
„Денеска институциите удрија по маса“, рече Заев.
Вели дека институциите извлекле поука од бегството на екс премиерот Никола Груевски кој избега. Заев потсети дека Мијалков се гони во неколку предмети. Премиерот додаде дека институциите создале услови бегството да му биде неисплатливо на Мијалков. Вели дека денеска државата си ја заврши задачата.
