Заев ретерира: „Замрзнување“ на делови од Преспанскиот е претежок збор
Премиерот Зоран Заев ретерираше во ставот за замрзнување на делови од Преспанскиот договор. Прашан на кои точно делови мислел кога за замрзнувањето зборувал во интервјуто за Еуроњус, Заев денеска рече дека „замрзнато“ е претежок збор.
„Не бев тука, бев во Рим и во Брисел, но видов вчера реакции дури и од грчката страна. Дефинитивно одиме со имплементација на Преспанскиот договор. Замрзнато можеби претежок збор. Ние само велиме дека договорот мора да е стимулативен и за граѓаните. Успешно ги завршуваме сите забелешки кои стигнаа од грчка страна, а дел од нив и сами ги утврдивме. А очекуваме и грчката страна да направи чекори, кои се нивни обврски, како што е промената на таблите на пример. Да испратиме недвојбена порака дека сакаме и со право овој договор да ја доживее својата иднина. Тој ни донесе нов пријател, со кој отвораме широка лепеза на перпсективи. Намерата беше да се испрати порака до ЕУ да водат грижа за тие поглавја и тие да се отворат час поскоро. Поглавјата и договорот се формално правно врзани. Но секако Уставот е променет и ние името го употребуваме. Жалам што името не го користи опозицијата, а има амбиции и претендира за влсат, а што ако стане власт не дај може. Ќе има нови провокации, рече денеска Заев
Во интервјуто за Еуроњус Заев вели дека одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија го става во опасност Договорот од Преспа.
„Некои членови ќе бидат замрзнати бидејќи не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но и двете работи се поврзани“, рече Заев.
денеска вели дека Преспанскиот
договор го заокружи членството во НАТО и верува дека и покрај разочарувањето од ЕУ поглавја наскоро секако ќе се отвораат.
