Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Реконструкцијата е дојдена до фаза на размислување од понудите помеѓу партиите

Заев: Реконструкцијата е дојдена до фаза на размислување од понудите помеѓу партиите

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека реконструкцијата на Владата е дојдена до фаза на размислување од понудите помеѓу партиите со кои разговараат. 

„Викендот ќе се искористи веројатно од сите партии со коишто разговарав, и кај нас, исто така во СДСМ, но и во коалицијата да размислуваме. Ако отприлка кажеме да, мислам дека ќе бидеме веќе готови со одлуката за Влада, мислам на министри и заменици, а после тоа ќе продолжиме да разговараме за директори, заменици директори и слично“- рече Заев.

Тој додаде дека одржал координација со парламентарната група и дека таа не го прифаќа Димитар Богов како кандидат за гувернер на Народната банка на Македонија, предлог на претседателот Ѓорге Иванов.

Тој истакна дека побарал средба со претседателот и се надева дека таа ќе се случи бргу за да може да усогласат став затоа што до крајот на месецов треба да се избере гувернер.

Слично

Поврзани вести