Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Размислуваме како да им помогнеме на семејствата со починат од Ковид-19

Заев: Размислуваме како да им помогнеме на семејствата со починат од Ковид-19

Премиерот Зоран Заев при денешниот увид во тековните и реализирани проекти на Пониква рече дека државата овој период размислува како да им помогне на семејствата кои загубиле свој член во борбата против Ковид-19.

- Имаме  горчина во душата за изгубени животи и сме насочени како да помогнеме и на тие семејства, пред се во приоритетите на вакцинацијата и во другите елементи, бидејќи пораката е дека државата постои заради граѓаните, а ние сме финансиски ликвидни, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот рече дека за доделената државна помош од 6.000 денари насочена кон околу 300.000 граѓани најоправдани се приговорите на самохраните родители.

- Апелирам до институциите, пред се до социјалните центри за побрзо прифгаќање на жалбите на самохраните родители затоа што државата располага со слаба евиденција на самохраните родители и апелирам на максимално широко толкување за тоа што е самохран родител за да може да бидат опфатени сите категории. Во буџетот има доволно пари, порача Заев.

Тој апелираше помошта од 6.000 денари граѓаните да ја трошат повеќе на домашни производи, бидејќи како што вели, така се помага домашната економија.


Слично

Поврзани вести