Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Разговаравме за датум референдумот да се одржи најбрзо што може

Заев: Разговаравме за датум референдумот да се одржи најбрзо што може

По завршувањето на лидерската средба вечерва во Клубот на пратеници, премиерот Зоран Заев  рече дека разговарале за законот, но и за одржувањето на референдумот најбрзо што може. 

Тој изјави дека требало да изберат стабилност, безбедност и иднина. 

Премиерот кажа дека оние кои останале се за НАТО и ЕУ. 

Заев вели дека референдумот ќе биде успешен како процес. 

Додава дека граѓаните ќе кажат на референдум, во кој правец да се движи Македонија. 

Заев повтори дека амнестија нема да има. 

Премиерот се надева дека утре ќе се договорат за ДИК, нова средба ќе има утре во 12 часот. 

„Дали мислите дека НАТО и евроинтеграциите треба да пропаднат затоа што на некој му паднало на памет да бојкотира“ - вели Заев. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба. 

Слично

Поврзани вести