Заев прво во Романија па го отвора австрискиот бал
Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Романија, а како што е наведено во објавата на владата, тој ќе биде придружуван од владината делегација и неговата сопруга.
Во рамките на официјалната посета на Букурешт, закажани се состаноци со шефот на државата и владата на Романија. Премиерот Заев ќе се сретне со романската премиерка Виорика Данчила утре, по што ќе следат изјави на медиумите.
Премиерот Заев денеска ќе престојува и во работна посета на Австрија. Доцна попладне, Заев ќе оствари средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Заев, на покана на австрискиот канцелар, ќе биде почесен гостин на отворањето на Виенскиот бал.
Слично
