Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Jaс сум прв премиер кој бара доверба на Владата од осамостојувањето

Заев: Jaс сум прв премиер кој бара доверба на Владата од осамостојувањето

Премиерот Зоран Заев  денеска во Собранието изјави дека тој е прв премиер кој бара доверба на Владата. 

Вели дека тоа е храброст и одговорност, но и решителност, грижа за граѓаните и стопанството.  Заев рече дека 6 месеци како ја добил честа да ја води Владата, а опозицијата тврди дека истата ќе ја срушат. 

„Граѓаните на изборите на 15 јули го направија својот избор. Овој избор и гласот на граѓаните беа против блокадите“, рече тој. 

Заев ги набројуваше проектите кои ги сработеле досега. Вели дека негова единствена меница е довербата на граѓаните. 

Доколку се изгласа недоверба, Владата е должна да се распушти. 

Според член 217 од собранискиот Деловник, Собранието гласа за (не)доверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Во случај кога прашањето за доверба го поставува претседателот на Владата, усно на седница на Собранието, пратениците гласаат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето, како што е наведено во овој член од Деловникот, има право да му се обрати на Собранието.

Слично

Поврзани вести