Заев прв мандатар во својство на премиер ќе седне на столчето во Брисел резервирано за Македонија
Заев е првиот мандатар кој во својство на премиер ќе биде гостин и дел од неформална вечера во Брисел организирана од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.
Во Брисел Могерини вечерва ќе ги угости премиерите од западен Балкан а лидерот на СДСМ кој преговара за нова влада ќе седне на столчето резервирано за Македонија.
Зоран Зав вчера во изјава за ТВ 24 рече дека за него и за Македонија е голема чест што сеуште е мандатор а ќе патува во Брисел како премиер посочувајќи дека е се поизвесно формирањето на владата.
„Ова е одлична можност да се видиме сите од регионот, да поразговараме за европските перспективи на Македонија, да објасниме колку многу ќе работиме во делот на реформи за да им дадеме причини да се фокусираат кон целиот регион па и кон нашата земја.
Македонија ја чека Европската Унија, секако и полноправното членство во НАТО и верувам дека овие примарни цели на нашите граѓани ќе бидат истовремено сериозно поддржани од нашите европски партнери“, рече Заев.
Лидерот на СДСМ рече дека се надева оти час поскоро ќе бидат усогласени преговорите и дека до петок очекува да финишираат сите работи.
Сепак Заев уште еднаш повтори дека сепак ќе им требаат десеттина дена за да се завршат сите работи околу новиот владин кабинет со што ја остави можноста отворена владата да биде формирана и за време на викендот.
