Заев: Прв чекор е да се тргне условената препорака за ЕУ, следен почеток на преговори
Секоја средба е шанса за изнаоѓање решенија за одблокирање на нашите процеси кон потполна интеграција во НАТО и во Европската Унија, смета премиерот кој вели дека секоја средба со пријателски мотиви може да ни ги доближи ставовите да изнајдеме решенија и навистина Македонија, конечно после толку години да се приближи напред.
„Упатствата кои што министерот ги доби од Владата, секако и од Парламентот,
се оние слични пораки што ги испраќаме сите овие денови зад нас и верувам дека
во тој правец се отвораат и перспективите за разговори.
Денеска се очекува да се посвети посебно внимание на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете земји и да се интезивираат и да се надевам дека граѓаните ќе почуствуваат и поконкретни резултати, тогаш тоа е добро за двете земји“, изјави Заев по прашање за денешната агенда на министерот Димитров во Атина.
Заев посочи верување дека сето она кое е во интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор и очекува само позитивни перспективи од ваквите состаноци.
