Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Противуставно е воведување на двојазични банкноти и униформи

Заев: Противуставно е воведување на двојазични банкноти и униформи

Опозицискиот лидер презентирајќи ја новата програма на Владата која го чека мандатот од Иванов ги негираше шпекулациите кои ја тресеа јавноста во однос на банкнотите и униформите.

Заев потенцираше дека при консултации со експертите е востановено дека против Уставот е да има двојазични банкноти или униформи.

„Нема да има двојазични банкноти или униформи, бидејќи тоа не е во согласност со Уставот бидејќи денарот и униформите се употребуваат на целата територија на Република Македонија“, посочи лидерот на СДСМ кој при претставувањето на програмата на идната Влада рече дека таа ќе се темели исклучиво на Уставот.

Тој нагласи дека во првите шест месеци на владата која ќе ја формира ќе претстави мерки за подобрување на животот на граѓаните.

Заев рече и ека граѓаните ќе плаќаат обврски кон државата во однос на тоа колку заработуваат. 

„Оној кој има помалку, помалку ќе плаќа“, рече тој.

Заев изјави дека новата влада ќе работи на средување на државната управа но и на намалување на корупцијата.

„Доста беше богатење на функционери на сметка на граѓаните“, изјави првиот човек на СДСМ кој уште не го доби мандатот од претседателот Иванов, а кој го повика да ја преиначи одлуката така што ќе се увери во новата програма која Заев ја презентираше денеска пред целата јавност.

Слично

Поврзани вести