Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев прогласи победа за Пендаровски

Заев прогласи победа за Пендаровски

Преку 4000 гласови има предност Стево Пендаровски пред Гордана Силјановска. Ова го истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на вечерашната прес конференција. 

Тој посочи дека последните бројки кои ги добила неговата партија а се проверени се 98,27 отсто и дека се во очекување на последните 17,7 проценти од резултатите.

„321 201 глас има за Стево Пендаровски додека 316 872 има за Гордана Силјановска а 79 169 има Блерим Река. Тоа значи преку 4000 гласови предност за Стево Пендаровски“, кажа Заев.

Тој му честита на Пендаровски и ги повика граѓаните особено оние кои се двоумеле дали да излезат на избори денес, посочувајќи дека од нивниот глас зависи дали земјата ќе продолжи напред и повика на големо обединување на вториот круг бидејќи како што кажа концептот на Пендаровски е прогресивен и обединува и води кон ЕУ и НАТО.

Слично

Поврзани вести