Заев призна дека и симболите на оркестарот биле причина за неинтонирањето на химната
Премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју за битолската ТВ ТЕРА истакна дека има повеќе причини зошто не била интонирана македонската и грчката химна пред Владата при посетата на делегацијата на шефот на грчката влада Алексис Ципрас во вторникот.
- Кога видовме дека се доцни, скративме зборување на по еден министер од земјоделие и транспорт и врски, скративме од сите церемонии, и повторно доцневме по половина час за бизнисмените, што потврдува дека немаше време - рече Заев.
Една од причините за тоа што не се слушна химната е и тоа што се уште стојат старите симболи на оркестарот на АРМ.
- Симболите не беа сменети. Зошто Ципрас кога ќе се врати во Грција да го критикува јавноста.поради тоа - додаде премиерот.. Химната се свиреше на одбележувањето на 70-годишнина од НАТО. Химната е важна, но се отвораат и европски перспективи истовремено,, гласеше неговото оправдување.
