Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев пристигна во Палата Србија кај Вучиќ

Заев пристигна во Палата Србија кај Вучиќ

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев пристигна во Палата Србија. 

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Палатата Србија пристигна Заев, а заедно со него дојде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

За присуството на Заев во српската претстолнина на Инстаграм се пофали српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека е горд што може да го угости поранешниот премиер кој е еден од основачите на иницијативата Отворен Балкан.

Министерот за земјоделство објави дека Заев ја добил наградата за личност, од Стопанската комора на Северна Македонија, поради придонес за регионалната бизнис интеграција. 

Слично

Поврзани вести