Заев: Прифативме попис до средината на јуни, но опозицијата одби
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека за власта е прифатливо пописот да се одложи до средината на јуни, но дека опозицијата го одбила тој предлог. Ова претседателот на Владата го рече како коментар на вчерашниот коментар на претседателот Стево Пендаровски, дека статистичката операција може да се одложи за одредено време.
- Можеме да завршиме некаде до средината на јуни, но тоа опозицијата го одби. На лето попис не се врши. Теренското попишување ќе се спроведе согласно сите здравствени протоколи. Пописот ниту скратува ниту дава права. Податоците ни требаат за развој на државата и за економските политики, да знаеме каде може да има нови индустриски зони и друго, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Според премиерот, единствената причина поради која опозицијата е против пописот е фрустрацијата дека тие не успеале да го спроведат, но и дека успехот од неговото одржување ќе биде заеднички.
Опозицијата бара одложување на пописот поради пандемијата, или пак да нема теренска проверка во истиот.
