Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Препораката е чиста, ова е ден кога секој граѓанин треба да се гордее

Заев: Препораката е чиста, ова е ден кога секој граѓанин треба да се гордее

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција соопшти дека Европската Комисија дала безусловна препорака за членство во Евроспката Унија.

Вели дека најголемата заслуга за овој напредок, ја имаат граѓаните на Македонија.

„Владата посветено ги сработи реформите. Одлуката да се стави крај на штетната политика, ја донесоа граѓаните. Власта ги послуша граѓаните, кои знаат што е важно за чекорењето на Македонија кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформскиот пакет. Власта покажа дека е инклузивна и прифаќа различно мислење, а опозоцијата покажа дека е свесна за сопствената одговорност“- вели Заев.

Рече дека  со иста посветеност се разговара со Грција за решавање на спорот со името и како што вели, да се затвори и ова прашање.
Заев вели дека ова е ден кога сите граѓани треба да бидат горди. 

За Заев ова е потврда дека сме на вистинскиот пат за европска Македонија. 

Вели дека овој ден ќе биде запишан во поновата историја на Македонија како светол ден. 

Слично

Поврзани вести