Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ НА СРЕДБА СО АХМЕТИ: еве за што ќе разговараат двајцата политичари

ЗАЕВ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ НА СРЕДБА СО АХМЕТИ: еве за што ќе разговараат двајцата политичари

Премиерот Зоран Заев за ТВ21 обзнанил дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој додал дека средбата ќе биде попладне во Владата.

Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја преземе Владата на Заев, за разговорите со помалите коалициони партнери, за очекуваните кадровски рокади во новата Влада, како и за датумот за почнување на преговори со Европската унија.

Оваа средба доаѓа по оставката на Зоран Заев и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Слично

Поврзани вести