Заев: Прашањето со Бугарија е помал предизвик од оној со Грција
Поранешниот премиер Зоран Заев во заедничко интервју со неговиот поранешен колега Алексис Ципрас, правено во неформална атмосфера за време на конгресот на СИРИЗА во Атина, вели дека спорот што го има Македонија со Бугарија е полесно надминлив од оној што го имаше со Грција.
- Преспанскиот договор бараше креативни решенија за затворање на прашања со длабоко историско значење. Прашањето со Бугарија е помал предизвик од оној каков што беше со Грција. Верувам дека Бугарија ќе најде сили да се надмине себе. Ние сме пријатели и Бугарија треба да ни помогне Интересот на Бугарија е, не само Северна Македонија, туку и цел регион да биде дел од ЕУ, изјави Заев на едно од прашањата.
Тој порача дека по 20 години минати во политиката, нема намера повторно да се активира но дека ги поддржува новите раководни структури на ССМ и дека секогаш е подготвен да даде совет доколку тоа биде побарано од него.
