Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев прашан колку спортува: Повеќе возам мотор, на фудбал сум нередовен

Заев прашан колку спортува: Повеќе возам мотор, на фудбал сум нередовен

Премиерот Зоран Заев денеска беше прашан колку спортува, на што тој искоментира дека сака повеќе да вози мотор и дека нема толку време за активно да се рекреира.

- Имам многу малку време, но и покрај тоа го користам. В недела возам мотор, а во Скопје во четврток играм фудбал со министрите, но не сум редовен. Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време за спортување за да бидам подобро подготвен за секојдневните активности - рече Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир што се одржа денеска во Струмица.

Инаку претходниот премиер Никола Груевски често објавуваше фотографии од тоа како игра фудбал во салите со своите сонародници и беше сниман како вози велосипед.

Заев додаде дека досега владата има обезбедено шест милиони евра преку ваучерскиот систем за помош на спортот и дека насекаде ќе се распределуваат рамноправно овие средства за клубовите и младите и дека целта е од сегашните пет илјади ученици кои спортуваат бројката да се зголеми на 50 илјади.



Слично

Поврзани вести