Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: ПОЖАРОТ Е ЛОКАЛИЗИРАН - утринава се очекува помош од соседите Бугарија и Србија

ЗАЕВ: ПОЖАРОТ Е ЛОКАЛИЗИРАН - утринава се очекува помош од соседите Бугарија и Србија

Премиерот Зоран Заев доцна синоќа објави дека пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните. 

„Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници. Остануваме со министерот Филипче во Кочани цела ноќ, а во кумановско се веќе вицепремиерот Николовски и министерот Спасовски„, вели премиерот.

Тој упати благодарност до граѓаните што помагаат и до претставниците на медиумите што известуваат навремено, точно и одговорно.

„Утре наутро очекуваме помош од соседите, претседателот Пендаровски се слушна со претседателот на Бугарија Радев, а јас се чув со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Бугарија Јанев. Будно ја следиме состојбата, нема паника, ситуацијата е под контрола, поголем дел од пожарите се локализирани“, пишува премиерот.

Апелира за одговорно споделување точни информации од страна на граѓаните преку социјалните мрежи и преку медиумите.

Слично

Поврзани вести