Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ,  над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Зоран Заев се кандидираше за претседател на СДСМ, а над 80.000 партиски членови ќе можат да гласаат на 21 март на првите непосредни внатрепартиски избори. 

Во согласност со Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ, Централната изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.​

„Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.“, информираат од партијата. 

Додаваат дека СДСМ победува затоа што постојано се менува. 

Слично

Поврзани вести