Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев повторно патува во Брисел - со кого ќе се сретне?

Заев повторно патува во Брисел - со кого ќе се сретне?

На покана на потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Жозеп Борел, премиерот Зоран Заев денеска патува во Брисел. 

На средбата ќе се разговара за актуелни прашања од регионот во контекст на пристапувањето на земјите во ЕУ. Заев ќе има куса одделна средба со Борел, а утре ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Пред десетина дена премиерот, заедно со вицепремиерот, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, беше во Брисел на средби со челниците на ЕУ. Тогаш, исто така, се сретна Борел, како и со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Но, без да се реши спорот со Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести