Заев повика дијаспората да се самопопише затоа што тоа е патриотски чин
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук ја повика дијаспората да се самопопише.
Порача дека самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени. Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат.
„Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се!“, напиша Заев на Фејсбук.
Вели дека на тој начин ќе знаат како да ги подобрат услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можат да го искористат потенцијалот на дијаспората за развојот на Северна Македонија и за промоција на земјата во светот.
