Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев потврди дека стигнала грчката нацрт спогодба, но и дека македонската е во Атина

Заев потврди дека стигнала грчката нацрт спогодба, но и дека македонската е во Атина

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дена е пристигната нацрт- спогодбата од Грција за решавање на спорот за името, но додаде и дека македонската нацрт-спогодбата е испратена во Атина. 

Заев најави дека повеќе информации и детали за документот ќе изнесе министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој попладнево ќе одржи прес-конференција.

„Спогодбата е стигната, како што и нашата е испратена, тоа треба да биде алатка која треба да помогне во процесот на преговорите во следната фаза која треба да се одржи во Виена“- вели Заев.

За Заев, поважен елемент е нацрт-документот на медијаторот Метју Нимиц, а сите други предлози се алатки кои можат да помогнат во разговорите за името со јужниот сосед. 

Слично

Поврзани вести