Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Попишувачите ќе бидат меѓу приоритетните за вакцинација со Астра Зенека

Заев: Попишувачите ќе бидат меѓу приоритетните за вакцинација со Астра Зенека

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање откако претпладне во 28 март во Скопје ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот.

Заев рече дека ќе биде исполнето барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и попишувачите ќе влезат во првата категорија на граѓани кои ќе се вакцинираат со дозите кои треба да се примат само еднаш.

„Информацијата ја знаевме два -три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза, овие денови и другите количини ќе пристигнат по други механизми за рамноправно покривање на теренот.

Можевме да согладаме предност и слабости од земјите пред нас, а вакцините се здрави и час поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија. приоритет секако ќе бидат и попишувачите“, рече Заев денеска во Делчево.

Слично

Поврзани вести