ЗАЕВ ПОНУДИ ПОМОШ ЗА ХРВАТСКА: Солидарноста е првиот порив во моментов
Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Плeнковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес, вели премиерот Зоран Заев кој понуди помош на Хрватска.
„Во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите. Солидарноста е првиот порив во моментов, подготвени сме да пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев на Твитер.
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер ја погоди Хрватска денеска, а најпогоден е Петриња. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека земјотресот го почувствувале шест милиони луѓе.
Слично
