ЗАЕВ ПОГРЕШНО ЦИТИРАН: Со Вучиќ и Орбан се сретнал Мицкоски, а не Груевски
Премиерот Зоран Заев не изјавил дека Никола Груевски , пред бегството во Унгарија се состанал со претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, како што тоа го објави Н1, туку дека со српскиот и унгарски лидер се состанал актуелниот претседател на ВМРО ДПМЕН Христијан Мицкоски, пренесува rtv.rs.
Погрешната вест, односно погрешно пренесената изјава на Заев, ја објави телевизија Н1 Сараево, на својот портал, а ја пренесоа бројни медиуми, како од земјава, така и од регионот.
Тој медиум , набрзо објави поправка на информацијата.
Фото: Влада на РМ
Слично
