Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски
Поранешниот премиер Зоран Заев објави дека се поднесени тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски.
Митрев во тв емисија рече дека Заев и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, своевремено сакале да му ја купат болницата, додека пратеникот Петрушевски на прес-конференција веднаш потоа тоа го толкуваше како политички притисок и уцени заради остварување на бизнис интереси.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилем дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи и во прилог ги покажа тужбите.


Слично
