Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев подготвен да докаже дека немало никакви изборни измами во кампањата

Заев подготвен да докаже дека немало никакви изборни измами во кампањата

Опозицискиот лидер придружуван од адвокатот се појави во Основното обвинителство каде што дал исказ во однос на истражната постапка која ја покрена Зврлевски.

Заев по завршениот распит рече дека е подготвен да докаже дека немало никакви изборни измами за време на изборната кампања и дека СДСМ била пример за тоа како треба да помине една изборна кампања.

„Дојдовме во Основното јавно обвинителство за да ја докажеме нашата невиност. Финансиите за изборите се јавно објавени и можеме да служиме за пример како една политичка партија треба да раководи со финансиите, рече лидерот на СДСМ по распитот во обвинителството .

Заев посочи дека секогаш кога СЈО ќе покрене истраги за функционери од ВМРО ДПМНЕ тогаш тој станува мета на Зврлевски.

Обвинителството под покровителство на Зврлевски го гони Заев за нелегално финансирање на изборна кампања.

Слично

Поврзани вести